ЗА ИМПЕГНА

На 18 Февруари, далечната 1993 година, отворен е малиот сервис за поправка на фотокопири и друга опрема канцелариска опрема под името „Канон Мак“. Во текот на првите години, како што наговестува и името, сервисот се фокусира на продажба, одржување и сервисирање на опрема од брендот Canon и забелeжува успешни резултати и зголемување на портфолиото на корисници. За задржување на корисниците и нивната доверба, постепено расте и тимот, а во 1997 година и просториите. Во специјално дизајнираниот нов простор на ул. Мито Х. Јасмин, дотогаш несвојствен за оваа бранша и без конкуренција на нашиот пазар, се создаде квалитетен продажно-изложбен салон, во кој ќе може не само да се изложат, туку и да се вклучат и тестираат сите Canon производи. Годините на раст продолжуваат, а во 2000 година, фирмата го менува името (поради дотогашното користење на име кое е заштитена трговска марка) во ИМПЕГНА. Портфолиото за производи ги опфаќа сите продуктни групи на Canon, а сервисниот оддел континуирано се едуцира во специјалните Canon тренинг центри во Европа, притоа континуирано задржувајќи ги авторизациите за Овластен Сервисен Партнер.

Во 2007 год. Импегна официјално ја добива потполната поддршка од Canon и Авторизацијата за Дистрибутивен Партнер за сите продуктни групи. Во 2009 година Импегна се преселува во своите нови, сопствени, простории, на ул. Франклин Рузвелт бр.33а. Во новиот објект условите за работа се на највисоко ниво, посебно се одвоени малопродажбата од големорподажбата, клучните партнери, сервисот за ОПП производи (принтер, скенери, мултифункциски,…), сервисот за ЦБС производи (Дигитални Мултифункциски системи, Документ Скенери, ЛФП,..), магацин за производи, магацин за резервни делови, …

Од 2010 година па се до денешен ден, во континуитет се редат сертификациите и се продлабочува нашата соработка со Canon. Секоја година се повеќе наши технички лица ги посетуваат соодветните курсеви со што дополнително се устручуваат и ги пратат во чекор сите нови технологии развивани во гамата на Canon.

Денес, Импегна е Авторизиран Дистрибутер за Б2Ц производите и Авторизиран Партнер за Напредни Канцелариски Решенија (единствен на пазарот), Авторизиран Партнер за Професионално Печатење (единствен партнер на пазарот и прв партнер во регионот), Авторизиран Партнер за Документ Скенирање, Авторизиран Партнер за Принтери со Голем Формат (Плотери). Дејноста на Импегна е проширена со принт центар во просториите на Машинскиот Факултет Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје , како и билинг центар во своите простории (печатење на сметки, дописи, известувања и сл. и нивно ковертирање). Импегна брои повеќе од 20 вработени и е во постојана потрага по нови, квалитетни кадри.

Во продолжение мал дел од сертификациите и акредитациите на ИМПЕГНА …

Canon СЕРТИФИКАТИ И АКРЕДИТАЦИИ

Canon Сервис партнер
Canon Импегна – сертификати и акредитации

ISO сертификации

Од 2016 за подобрување на добрите бизнис практики и секако унапредување на квалитетот на услугите започнавме воведување на ИСО стандарди и тоа ИСО9001:2008. Наредната година согласно новините направивме транзиција во ИСО 9001:2015 и во исто време воведовме и ИСО 14001:2015 за сега да имаме еден интегриран менаџмент систем.

Согласно добрите бизнис практики, воведените стандарди и пред се долгогодишното искуство и соработка со Canon,можеме со сигурност да тврдиме дека сме лидери на пазарот и единствени како компанија која покрај многуте компаниски сертификати и акредитации, ние како Импегна сме и единствениот акредитиран и сервис партнер на Canon за регионот. Исто така нашите вработени постојано се надградуваат и секоја година посетуваат соодветни курсеви и едукации спроведувани од страна на Canon едукативните центри низ Европа за што и потврдуваат многуте сертификати на вработените како во областа на сервисот така и во поглед на познавање и имплементации на новите мултифункциски машини и софтверските ењшњнија и од областа на документ менаџмент и принт менаџмент софтверите.

МИСИЈА

Подобрување на ВАШИТЕ бизнис процеси со примена на НАШИТЕ најсовремени технологии за ефикасно печатење, управување/дистрибуција на информации и документи. Наша мисија е да создаваме добри односи со клиентите, заедницата и регионот, а од друга страна према животната средина да ја исполнуваме нашата корпоративна социјална одговорност.

ВИЗИЈА

Нашата визија е фокусирана на зајакнување на нашите производи и подобро позиционирање на пазарот со континуирано подобрување на начинот на кој ние ги нудиме иновациите. Со уникатните напредни решенија сакаме да Ви овозможиме да ги живеете своите соништа.

СТРАТЕГИЈА

Со целосна посветеност кон нашите клиенти и нивните очекувања,нашата стратегија е да одржуваме континуиран квалитет преку јакнење и развој на нашите услуги. Наша стратешка цел е да обезбедиме успех за сите заинтересирани страни со што би овозможиле профитабилност, раст, исполнување на очекувањата на вработените од своите работни места и со тоа да постигнеме позитивно влијание врз заедницата.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

“ИМПЕГНА” дооел- Скопјее организација за изнајмување и сервисирање на биротехничка опрема, печатење и ковертирање на сметки и земајќи ги во предвид релевантните надворешните и внатрешните фактори и заинтересирани страни сеопределува,воцелост даја спроведува оваа Политика, која претставува рамка за воспоставување и преиспитување нацелите за квалитет и животна средина.

      Суштинска стратегија и цел на нашата компанија е подобрување на услугите и посветеност за задоволување на барања и очекувањата  на клиентите, креирајќи вредности за заинтересираните страни и зачувување на здрава животна средина. Остварувањето на оваа деловна ориентација ќе биде преку:

  • Континуирано унапредување на перформансите на процесите и ефикасноста на системите за управување со квалитет и животна средина во согласност со барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 стандардите;
  • Креирање деловен систем кој ќе обезбеди квалитетна и навремена услуга, со најмали трошоци, оптимална потрошувачка на ресурси и профит за фирмата;
  • Континуирано следење на влијанието врз животната средина и спречување на загадувањето на човековата околина;
  • Почитување на сите законски и други барања кои се релевантни на активностите во опсегот на нашето работење;
  • Перманентно унапредување на знаењата и вештините на персоналот преку соодветни образованија, обуки и вештини, а во рамките на нивните одговорности и овластувања;
  • Посветеност за коректни и со респект односи кон партнерот, вработените и добавувачите, развивајќи на тој начин заеднички интерес за унапредување на системите и имиџот во  бизнис опкружувањето;
  • Благовремено идентификување и минимизирање на ризиците кои претставуваат закана за квалитетот на услугите и животната средина;
  • Обезбедување на потребните ресурси за постигнување на очекуваните резултати, целите и програмите за квалитет и животна средина;
  • Воспоставување на методи за следење на ефикасноста на процесите заради евалуација на планираните резултати како и нивното влијание врз животната средина;

Подигнување на свеста кај вработените за заштита на животната средина како и за важноста на исполнувањето на барањата;

Соработка и консултации со државни и други институции и организации заради позитивен и ефективен придонес за општествен развој и унапредување;

     Со ваква стратегија Импегна во иднина ќе обезбеди стабилен развој, конкурентност на пазарот, ефикасност, сигурност и доверба при вршење на својата дејност, сега и во иднина, а раководството со целосна одговорност ќе се посвети на спроведување на Политиката и целите, како и мерките за постигнување на планираните резултати.

     Оваа Политика ќе биде редовно преиспитувана заради обезбедување соодветност, адекватност и ефективност, разбрана и достапна на сите заинтересирани страни.