Продажба

Импегна е сертифициран Canon Partner. Синоним за нашиот успех се висококвалитетни уреди, долготрајност на уредите, постојан лагер на најпродаваните уреди по сегмент како и консултации со продажба за Вашите потреби и правилен избор на она што Вам ви треба.

 
Наша препорака е консултација со нашиот продажен тим се со цел избор на уред којшто ќе го користите долгорочно, но и ќе биде најекономичен за Вас.
 
Canon нуди широка палета на производи, додека Импегна има постојан лагер на уредите кои се најпродавани во нашиот регион и се за широка потрошувачка.
 
Од low segment уреди, Canon нуди:
- inkjet уреди кои можат да бидат принтери и мултифункциски уреди. Овие уреди најчесто се карактеристични со нивниот обем на печатење, користење на истите, како и цена на потрошен материјал. Се препорачуваат за домашна употреба за клиенти кои печатат мали обеми на материјали, но имаат потреба да го користат уредот често. Дополнително, Canon има сегмент и за бизнис употреба на инкџет уреди кои најчесто се карактеризираат со висококвалитетен отпечаток или отпечаток во поголем формат од А4 со пониска цена на уред.
- уреди со вграден CISS систем, се уреди кои имаат фабричен систем кој користи мастило, а со тоа и самиот отпечаток во боја е екстремно поеономичен во споредба со другите уреди. Карактеристично за овие уреди е дека треба да се користат многу често, препорачани се и поголеми обеми на печатење, но самиот отпечаток не влијае на потрошувачката на клиентот бидејќи е исплатлив.
- ласерски печатари и мултифункциски уреди. Овие Canonovi уреди се препознатливи по својата машина, долготрајност, ниска потреба за сервис, како и користење на тонери со голем обем за печатење со што и самиот отпечаток е многу поекономичен од отпечатокот на други брендови во ист сегмент. Се препорачуваат за мали и големи канцеларии, и нивната цена варира во зависност од перформансите на уредот.
- скенери
- фотокопири кои се препознатливи по тонерите со голем обем за печатење, нудејќи висококвалитетни црнобели и колорни отпечатоци во зависнот од каков уред ќе одберете. Овие уреди можат да се користат за канцелариска употреба и за работни групи со поголем обем на печатење, додека останатите нудат дополнителни можности во зависност од конфигурацијата која ја одбирате.
- плотери за кои е неопходно да се консултирате со продажниот тим
- продукциски машини за кои е неопходно да се консултирате со продажниот тим.
 
Повеќето уреди кои се актуелни, со одлични перформанси се постојано достапни во ИМПЕГНА.

Партнер

Сертификации

TOP