Сервис

Импегна е и единствен сертифициран долгогодишен Canon Service Partner за принтери, скенери, мултифункциски уреди и калкулатори за целата територија на Република Северна Македонија. Дополнително, Импегна е и сертифициран Canon Service Partner за CBS програмата - фотокопири, плотери, продукциски машини, со сертифицирани сервисери во Австрија и Германија.

 
Како компанија сме достапни на целата територија на Република Северна Македонија.
Тимот се состои од сертифицирани сервисери од страна на Импегна и Canon, со долгодишно работно искуство во Импегна.
Секој уред којшто редновно се сервисира и за којшто се користат квалитетни сервисни делови, има подолготраен животен век. Самиот бренд Canon нуди долготрајност и квалитет за своите клиенти и со самото тоа задоволството на клиентите е на високо ниво.
 
Принтерите и мултифункциските уреди на Canon, се карактеристични по големиот обем на печатење пред да има потреба за редовен сервис. Сервисните книшки на овие уред вклучуваат замена на гумички, фолија или печка после неколку десетици или стотици илјади копии.
Фотокопирите нудат голем обем на печатење, каде при редовен сервис се заменува драм, драм единица, или пак некој дотраан дел од машината.
Плотерите потребно е редовно да се сервисираат и иако самите плотери се со голем обем на печатење, редовниот и квалитетен сервис е неопходен за добивање на квалитетен отпечаток.
 
Уредите на Canon имаат гаранција од една до три години во зависност од инструкциите кои Ви се дадени при продажба.
 
За секој сервис е неопходна прво дефектажа се со цел клиентот да биде информиран за потребниот сервис, замена на делови и исплатливост на сервис.
 
 

Партнер

Сертификации

TOP